Поетски збор - категорија

обагри повеќе

Види и: багри (несв.)
обаграт
Вид збор: Глагол, свршен
Обои со црвеникава, румена боја.
Примери:
Крвта му ја обагри кошулата.

огнодишен повеќе

огнодишниот
Вид збор: Придавка
Што фрла оган.
Англиски: fire-breathing
Примери:
Тој зеде в раце оружја огнодишни, а в уста стегајки остар јатаган.

огнопер повеќе

огнопериот
Вид збор: Придавка
Што има перја со огнена боја.
Примери:
Огнопер петел.

одмаздница повеќе

Види и: одмаздник (м.)
мн. одмаздници
Вид збор: Именка, женски род
одмаздник
Англиски: avenger Албански: hakmarrës
Примери:
Пушка одмаздница.

октава повеќе

мн. октави
Вид збор: Именка, женски род
Строфа од осум стихови.
Англиски: octave Албански: oktavë

омај повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
занес
Англиски: enthusiasm Албански: entuziazëm, dalldi
Примери:
Но зад сето ова дејствуваше како магија еден семоќен омај.
лесно ветре
Англиски: breeze Албански: erë e lehtë
Примери:
Се лелеел омај и цут се ронил.

омајно повеќе

Вид збор: Прилог
Занесно, волшебно, прекрасно.
Примери:
Ветре нежно и омајно вее.

омраз повеќе

Види и: омраза (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
омраза
Англиски: hate

опој повеќе

(само едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Опојност, замаеност.

орен повеќе

мн. орни
Вид збор: Придавка
За песна - што се ори, што се слуша гласно, ечи.
Англиски: strong
Примери:
Девојките пееја орни песни.

осама повеќе

(едн.) осамата
Вид збор: Именка, женски род
осаменост, самотија
Англиски: loneliness
Примери:
Тој се повлекуваше во школката на својата осама.
б - в - г - д - ж - з - ѕ - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ц - ч - ш